ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ СВЕН-ЈЕРАН ЕРИКСОН Фудбалскиот тренер остави потресна проштална порака

Ериксон знаеше дека нема да живее уште долго, па неодамна остави проштална порака. Тој рече дека имал добар живот и дека се надева оти луѓето ќе го паметат по добро.

409

Почина поранешниот селектор на англиската репрезентација Свен-Јеран Ериксон, објави Би-Би-Си.

Во јануари, 76-годишниот Швеѓанец на радио станицата P1 призна дека му бил дијагностициран терминален карцином на панкреасот.






– Во најдобар случај ми останува уште една година – рече Ериксон на 21 август во документарен филм посветен на неговиот живот.

Ериксон знаеше дека нема да живее уште долго, па неодамна остави проштална порака. Тој рече дека имал добар живот и дека се надева оти луѓето ќе го паметат по добро.

„Имав добар живот. Мислам дека сите се плашиме од денот кога ќе умреме, но смртта е исто така дел од животот. Мора да научите да го прифатите тоа. Се надевам дека на крајот луѓето ќе речат дека сум бил добар човек. Знам дека сите не го мислат тоа, но што е тоа е. Се надевам дека ќе ме паметите како позитивен човек кој се трудеше да направи сѐ што може. Не жалете, насмевнете се. Ви благодарам за сè, тренери, играчи, навивачи… Беше фантастично. Чувајте се и грижете се за својот живот – живејте го“, рече тој.

Последното место на работа на Ериксон беше шведскиот Карлштад каде што беше спортски директор.

Како главен тренер, тој работеше во Рома, Фиорентина, Бенфика, Сампдорија, Лацио, репрезентацијата на Англија, Манчестер сити, Лестер, а беше селектор на Мексико, Брегот на Слоновата Коска и на Филипини.

Поврзани содржини