ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ КАНТРИ ПЕЈАЧ Тоби Кит ја загуби битката со тешката болест
Претходно овој месец легендарниот американски пејач откри дека се бори со рак на абдомен.
Легендата на кантри музиката Тоби Кит почина на 62-годишна возраст. Вестта за неговата смрт е објавена на неговите социјални мрежи.
„Тоби Кит мирно почина синоќа, 5 февруари, опкружен со своето семејство. Својата борба ја водеше храбро. Ве молиме почитувајте ја приватноста на неговото семејство во овој момент“ – се вели во пораката.
Пејачот зад себе ги остави неговата сопруга Триша Лукас и нивните три деца, ќерката Шели Ковел Роланд, пејачката Кристал Кит и синот Стелен. Кит имаше и четири внуци.
Инаку, претходно овој месец Тоби откри дека се бори со рак на абдомен.
– Поминував низ сите хемотерапии, зрачења, операции и стигнав до точка кога ми е удобно што и да се случи. Го подготвив мозокот за тоа, како и да е, бев на добро место – изјави пред извесно време Тоби Кит.
Тоби Кит, почина, кантри пејач, канцер