ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ ИЛИЈА ТЕМЕЛКОВСКИ Македонија се збогува со човекот кој го водеше македонскиот ракомет до светските сцени

Македонската ракометна јавност денеска ја загуби својата голема спортска фигура – тренер, ментор и човек кој го изгради ракометот во Македонија.

574

Ракометната и спортската јавност денеска се збогува со Илија Темелковски, човек кој го посвети целиот свој работен и животен век на развојот на македонскиот ракомет. Ракометната Федерација на Македонија упати искрено и длабоко сочувство до семејството на починатиот.

Темелковски беше познат по својата работа со најдобрите македонски ракометни селекции. Тој ја водеше македонската машка репрезентација на Светското првенство во 2009 година, освојувајќи 11 место, а со младинските репрезентации оствари големи резултати, вклучувајќи шесто место на СП во 2017 година во Алжир и четврто место на младинското ЕП 2002 година.






На клупски план, Темелковски беше тренер на клубовите Пролет, Струга и Еурофарм Работник, каде остави неизбришлива трага со својот професионализам и посветеност.

Погребот ќе се одржи утре, 14 октомври 2025 година, во 11:30 часот на Градските гробишта Бутел, во капелата.

Поврзани содржини