ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ ГИТАРИСТ ЏЕФ БЕК Од последици од бактериски менингитис

Џеф Бек, еден од највлијателните рок гитаристи на сите времиња, почина на 79-годишна возраст.

831

Џеф Бек, еден од највлијателните рок гитаристи на сите времиња, почина на 79-годишна возраст.

Британскиот музичар се прослави како дел од „The ​​Yardbirds“, каде што го замени Ерик Клептон, пред да ја формира групата „The Jeff Beck Group“ со Род Стјуарт.






Неговиот тон, присуство и, пред сè, јачината на звукот ја редефинираа гитарската музика во 1960-тите и влијаеле на рок поджанровите како хеви метал, џез-рок, па дури и панкот.

Смртта на Бек е потврдена на неговата официјална страница на Твитер, јавува „Би-би-си“.

„Во име на неговото семејство, со длабока тага ја споделуваме веста за смртта на Џеф Бек. Откако ненадејно заболел од бактериски менингитис, тој вчера мирно почина. Неговото семејство бара приватност додека се борат со оваа огромна загуба“, се вели во соопштението.

 


Кога во 2009 година по вторпат беше  примен во Куќата на славните на рокенролот, Бек рече дека свири на начин на којшто свири бидејќи тоа му овозможува да ги измисли најболните можни звуци.

 

 

Поврзани содржини