Американскиот актер Џорџ Сегал почина на 87-годишна возраст, објави неговата сопруга Соња.
„Семејството е скршено што мора да објави дека Џорџ Сегал почина по компликациите предизвикани од операцијата на вградување бајпас“, објавила таа во соопштението испратено до „Вариети“ и „Дедлајн Холивуд“.
Сегал стана популарен во 60-тите и 70-тите години на минатиот век со своите драмски и комични улоги.
Тој глумеше со Ричард Бартон и Елизабет Тејлор во филмот „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“ и за тоа доби номинација за Оскар за најдобра споредна улога.
Неговите други значајни улоги беа во филмовите „Брод на будалите“, „Кралот на стаорци“ и „Допир на класата“.
Во текот на 80-тите години, тој не успеа да остане на списокот на актери за А-филмови, па се сврте кон телевизијата и „ситкомите“.
Покрај актерството, тој исто така се занимаваше и со музика и свиреше банџо. Тој настапи со неговиот џез-бенд „Без список на Беверли Хилс“ во њујоршкиот Карнеги Хол во 1981 година.
FOTO: Kevork Djansezian/Associated Press