Почина легендарната британска пејачка на 103 години, почест ѝ оддаваат кралицата и Борис Џонсон

825

Вера Лин почина на 103-годишна возраст. Нејзиното семејство објави соопштение во кое ја наведуваат нивната длабока тага потврдувајќи дека оваа пејачка, еден од најомилените забавувачки на Велика Британија, починала утрово.

Пејачката беше позната по изведувањето на песните „White Cliffs Of Dover“, „There’ll Always Be An England“, и „I’ll Be Seeing You“, додека во текот на Втората светска војна ги забавувала трупите кои ги посетувала за зајакнување на моралот.






Претходно оваа година, во пресрет на 75-годишнината од Денот на победата, односно Денот на Европа, Вера зборувала за „храбрите момчиња и за она што тие го жртвувале за Англија“.

Кралицата Елизабета Втора се осврнала на називот на една од најомилените песни од војната на Вера, кога, за време на воведувањето мерките поради пандемијата, ѝ се обрати на земјата, разделена од семејството и пријателите: „Ќе се сретнеме повторно“.

Вера беше позната и по пеењето на песните „Wishing“ и „If Only I Had Wings“, за да помогне во кревањеТО на британскиот дух за време на воздушниот напад на нацистичка Германија врз Велика Британија.

– Моите песни ги потсетуваа момчињата на она за што навистина се борат. На драгоцените работи, а не на идеологијата и теориите – рекла таа еднаш.

 

 

Поврзани содржини