ПОЧИНА ЛАСЕ ВЕЛАНДЕР Гитаристот од групата „АББА“ ја загуби битката со ракот

„Ние нема да плачеме, ќе го славиме неговото име, ќе останеме насмеани како што секогаш го посакуваше тоа нашиот Ласе од нас“, изјавија од групата АББА, кои му ја посветија неговата омилена песна „Фернандо“.

2,820

Почина славниот гитарист Ласе Веландер од групата „АББА“.  По кратката, но болна битка со ракот, тој почина на 70-годишна возраст.

Веста за неговата смрт ја објави неговото семејство.






„Со неопислива тага мораме да соопштиме дека нашиот сакан Ласе почина. Тој неодамна се разболе од рак, кој бргу се прошири, и почина на Велики петок, опкружен со неговите сакани. Те сакаме и многу ни недостасуваш“, објави неговото семејство.

Ласе Веландер остави траен белег на најголемите хитови на „АББА“, кој беше дел уште од нејзиното основање.

– Ние нема да плачеме, ќе го славиме неговото име, ќе останеме насмеани како што секогаш го посакуваше тоа нашиот Ласе од нас – изјавија од групата АББА, кои му ја посветија неговата омилена песна „Фернандо“.

Шведскиот музичар одигра голема улога во повеќето студиски снимки и турнеи на шведскиот бенд во текот на 70-тите и 80-тите години. Гитаристот беше дел од создавањето на албумот „Voyage“, кој беше објавен во 2021 година.

Поврзани содржини