Почина Лари Флинт, могулот на порноиндустријата кој ја потресе Америка

829

Контроверзниот издавач на порнографското списание „Хастлер“, Лари Флинт, почина во Лос Анџелес на 78-годишна возраст.

Го покрена „Хастлер“ во 1974, кој му донесе слава и богатство, но и бројни проблеми со законот.






Цели 50 години, Лари Флинт беше едно од најважните имиња во индустријата за забава за возрасни, но светската слава ја постигна дури во текот на спорот со властите на САД околу слободата на изразување.

Тој спор е опишан во филмот „Народот против Лари Флинт“, во режија на Милош Форман. Во тоа остварување Вудли Харелсон го играше Флинт.

Тој почина во средата откако му откажало срцето.

Поврзани содржини