ПОЧИНА КОМИЧАРОТ БОБ САГЕТ Пронајден е мртов во хотелска соба
Причината за смртта на Сагет е нејасна. Брзата помош го пронашла актерот во соба во хотелот „Риц-Карлтон“ во Орландо, во неделата попладне и го прогласила за мртов на местото на настанот, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Оринџ, додавајќи дека не се пронајдени знаци на насилство или употреба на дрога.
Боб Сагет, актерот и комичар најпознат како веселиот татко во телевизискиот ситком „Полна куќа“, е пронајден мртов во хотелска соба во Орландо, Флорида, на 65-годишна возраст, соопштија локалните власти во понеделникот.
Причината за смртта на Сагет е нејасна. Брзата помош го пронашла актерот во соба во хотелот „Риц-Карлтон“ во Орландо, во неделата попладне и го прогласила за мртов на местото на настанот, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Оринџ, додавајќи дека не се пронајдени знаци на насилство или употреба на дрога.
Сагет штотуку започна со турнеја како стенд-ап комичар и настапил во близина на Џексонвил, Флорида во саботата навечер. Во својата последна објава на Инстаграм, тој се осврнал на „навистина убавата публика“ и „многу позитивната енергија“.
„Немав поим дека работев два часа вечерва. Се вратив на комедијата како кога имав 26 години. Претпоставувам дека го наоѓам мојот нов глас и го сакам секој момент“, напишал тој.
Сагет од 1987 до 1995 година го глумеше таткото вдовец Дени Танер во филмот „Полна куќа“, а потоа и во продолжението „Пополна куќа“ од 2016 до 2020 година. Во емисијата, Сагет го делеше својот дом со своите три ќерки, деверот и со најдобриот пријател.
Актерот исто така беше водител на шоуто „Најсмешните домашни видеа на Америка“ од 1989 година до 1997 година.