ПОЧИНА КАСАНДРА Кралицата на хрватската денс сцена (ВИДЕО)

Касандра се прослави со хитовите како „Ice Cream“ и „Punishment“. Со песната „I Gotta Feeling“ настапи на Загребфест во 1994 година.

8,109

Почина иконата на хрватската денс сцена во 90-тите Даворка Ручевиќ, попозната како Касандра. Веста за неколку медиуми ја потврди музичкиот менаџер Зоран Шкугор.

Касандра се прослави со хитовите како „Ice Cream“ и „Punishment“. Со песната „I Gotta Feeling“ настапи на Загребфест во 1994 година.






Набргу потоа се повлече од музичката сцена, а во јавноста се појави дури во 2007 година, кога се појави на роденденската забава на поранешниот менаџер Владимир Михаљек Миха.


Таа се појави во медиумите во јануари годинава. Во интервју што го дала за хрватски „24сата“ во јануари оваа година, Касандра рекла дека се повлекла од сцената бидејќи не сакала „по секоја цена да биде во јавноста и да привлекува внимание“.

„Имав ендометриоза, не можев да одам, да договорам кафе со другарка. Не одев на скијање или пливање 20 години. И зошто јас да бидам позната по моите приватни работи“, рекла таа.

Тажната вест на Фејсбук ја споделија многу познати личности, како раперот Ренато Ѓошиќ Ренман.

Ренато Метеси, фронтменот на легендарниот бенд „Патрола и Звијезда“, напиша дека Касандра починала по долго и тешко боледување. Метеси пишува дека Касандра се повлекла од јавноста и дека долго време живеела во целосна изолација, сама во трошната куќа на нејзината баба во Буковац.

„Како моја лична пријателка од најраниот период (се запознавме кога имаше 18 години) од нејзиниот краток музички и несреќен живот, ја користам оваа прилика да се збогувам со неа како моја колешка по професија и моја драга личност. Збогум Даворка, чест ми беше да те познавам, ти посакувам вечен мир и спокој таму каде што сите патуваме… до твојата куќа и дом. Твоето царство е небесно “, напишал Ренато Метеси.

Поврзани содржини