ПОЧИНА ИВАН РАЈТМАН Режисер на култниот „Истерувачи на духови“
Американскиот режисер со словачко потекло Иван Рајтман починал мирно во својот дом во Калифорнија, соопшти неговото семејство.
Режисерот Иван Рајтман, најпознат по блокбастер комедите меѓу кои и „Истерувачи на духови“ (Ghostbusters), почина на 76-годишна возраст.
Американскиот режисер со словачко потекло Иван Рајтман починал мирно во својот дом во Калифорнија, соопшти неговото семејство.
„Семејството е скршено од неочекуваното заминување на сопругот, таткото и дедото кој нѐ научија секогаш да бараме магија во животот. Утеха наоѓаме во фактот што неговата работа им донесе смеа и среќа на многу луѓе ширум светот“, напишаа неговите деца.
Семејството на Рајтман се преселило од Чехословачка, а тој пораснал во Канада каде што се школувал како режисер, пренесува Би-би-си.
Покрај „Истерувачи на духови“, на листата на филмови што ги режираше се „Близнаци“, „Полицаец од градинка“ и други.
Рајтман е роден на 27 октомври 1946 година и бил филмски и телевизиски режисер, продуцент и сценарист.
ФОТО: Твитер