ПОЧИНА ИСТАКНАТИОТ ИГРАОРЕЦ, СОЛИСТ И КОРЕОГРАФ СИМЕОН ЧУЛЕВ „Танец“ го откажа годишниот концерт

Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“, ја известува јавноста дека поради ненадејната смрт на долгогодишниот член на ансамблот, истакнатиот играорец, солист и кореограф Симеон Чулев, се откажува годишниот концерт кој беше најавен за 20-ти декември.

8,234

Националниот ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец“, ја известува јавноста дека се откажува годишниот концерт кој беше претходно најавен за 20.12.2025 година, поради ненадејната смрт на нивниот долгогодишен колега, истакнат играорец, солист и кореограф Симеон Чулев.

Загубата на Симеон Чулев е огромна и ненадоместлива за целиот ансамбл. Тој беше нераскинлив дел од играорниот кор на „Танец“, уметник кој со својата посветеност, енергија и врвно мајсторство остави неизбришлив белег во историјата на македонската фолклорна уметност.






За дополнителни детали околу новиот термин или евентуални измени, јавноста ќе биде навремено известена, информираат од „Танец“.

Поврзани содржини