ПОЧИНА ИРЕНЕ ПАПАС Славната грчка актерка и пејачка
Еден од нејзините најголеми успеси беше главната улога во „Електра“, грчката трагедија на Еврипид во режија на Михалис Какојани во 1962 година.
Грчката актерка и пејачка Ирина Папас, која се стекна со меѓународна слава во филмовите од 1960-тите, вклучувајќи ги „Гркот Зорба“ и „Пиштолите на Навароне“, почина на 96-годишна возраст, соопшти грчкото министерство за култура.
Нејзината 50-годишна кариера беше крунисана со филмот на режисерот Џон Маден од 2001 година „Мандолина на капетанот Корели“, во кој глумеше заедно со Николас Кејџ и Пенелопе Круз и филмот на Маноел де Оливиера „Зборувачка слика“ од 2003 година, во кој таа се појави заедно со Кетрин Денев и Џон Малкович.
„Гркот Зорба“, хитот од 1964 година во кој Папас глумеше со Ентони Квин и Алан Бејтс, беше особено забележан по неговата партитура од Микис Теодоракис.
Во политичкиот трилер „З“ (1969) од Коста Гаврас, сместен во грчкиот град Солун, таа ја играше вдовицата на ликот кој го глумеше Ив Монтан.
Еден од нејзините најголеми успеси беше главната улога во „Електра“, грчката трагедија на Еврипид во режија на Михалис Какојани во 1962 година.
„Прекрасна, импресивна, динамична, Ирене Папас беше олицетворение на грчката убавина на филмските екрани и на сцената, меѓународна ѕвезда која зрачеше со грчката душа“, рече министерката за култура Лина Мендони.
„Со силата на нејзиниот талент и шармот на нејзината личност, таа го освои светот на филмот и театарот“, додаде Мендони. Папас во последните години боледувала од Алцхајмерова болест. Од Министерството за култура не соопштуваат кога точно починала.
Родена е во село во близина на Коринт, на Пелопонез, во семејство на учители. Таа беше мажена двапати, а за Марлон Брандо рече дека тој е „страста на нејзиниот живот“. За првпат се запознале во 1954 година во Рим, а последен пат се виделе во 1999 година во Атина.
ФОТО: IMDb