Почина и Зигфрид, славниот магионичар од дуото „Зигфрид и Рој“, осум месеци по својот партнер ФОТО

835

Германскиот илузионист Зигфрид Фишбахер, втор член на волшебното дуо „Зигфрид и Рој“, почина во средата вечер во неговиот дом во Лас Вегас од рак, соопшти неговиот агент во четвртокот.

Зигфрид почина на 81-годишна возраст, осум месеци откако неговиот партнер Рој, кој почина во мај на 75 години од компликации поврзани со ковид-19, исто така во Лас Вегас, рекол нивниот агент Дејв Кирвин






Во светската престолнина на коцкање и блескави забави, тие двајца беа познати многу години благодарение на нивните настапи со диви животни – бели тигри и слонови – кои исчезнуваа и се појавуваа според нивната волја пред зачудената публика.

Зигфрид и Рој ја започнаа својата кариера во 1967 година во вариетеа во Лас Вегас, а во 1980-тите станаа светски sвезди благодарение на нивните необични настапи. Белите тигри се нивна заштитна марка и со нив настапуваа скоро секоја вечер од 1990. година во преполна сала во славниот „Мираж“, хотел-казино тогаш најголеми во Лас Вегас.

Зигфрид, роден во Розенхајм, Баварија, во 1939. година, ја открил својата склоност кон илузијата како дете, кога како осумгодишно момче во продавница наишол на книга за магионичарски вештини.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The MJCast (@themjcast)

Поврзани содржини