ПОЧИНА ХРВАТСКИОТ ПЕЈАЧ ЈАСМИН СТАВРОС Ја загуби битката со ракот

На крајот на март годинава беше потврдено дека Ставрос боледува од рак на коските. Пејачот веднаш бил хоспитализиран, а лекарите се посомневале дека ракот му се проширил на стомакот.

1,885

Хрватскиот пејач Јасмин Ставрос почина на 68-годишна возраст, по борбата со ракот на коските.

На крајот на март годинава беше потврдено дека Ставрос боледува од рак на коските. Пејачот веднаш бил хоспитализиран, а лекарите се посомневале дека ракот му се проширил на стомакот.






„Таму болеста почна некаде во првиот месец, имав болки во стомакот, па добив чир на дванаесетпалачното црево, итно ме оперираа во Карловац, потоа добив сепса и потоа ме префрлија на одделението во Карловац. Околу 12 – 13 дена и дојдов дома и утредента во Виноградска бидејќи не можев да ги издржам болките, а тие не знаеја што ми е“, изјавил тогаш Ставрос.

Пред две недели беше префрлен на Клиниката за белодробни болести по компликациите на белите дробови.

„Точно е дека пациентот е префрлен во Јордановац поради компликации. Не можам да кажам за какви компликации станува збор“, рекол Федор Шантек, специјалист по радиотерапија и онкологија од КБЦ Ребро во Загреб.

Музичарот е роден како Мило Васиќ во Сплит на 1 ноември 1954 година. Кариерата ја започнал на 15 години како тапанар, а во доцните осумдесетти почнал да пее и да снима албуми. Рајко Дујмиќ му го дал уметничкото име Јасмин Ставрос. Веднаш потоа Ставрос законски го сменил името, а неговата сопруга Жарка како и децата го усвоиле презимето Ставрос.

Меѓутоа, родителите на Јасмин не биле воодушевени од тоа.

„Кога Рајко Дујмиќ го измисли името Јасмин Ставрос, веднаш ги сменив сите документи. Мојата сопруга и децата го имаат презимето Ставрос. Мојот покоен татко велеше: „Добро, сега се презиваш Ставрос, но сепак си мој син!“ Мајка ми дали тоа тешко го поднесе? Тоа ја погоди и таа никогаш не ме викаше Јасмин!“, изјавил Ставрос пред неколку години за „Слободна Далмација“.

 

Поврзани содржини