ПОЧИНА ХРВАТСКИОТ АКТЕР Ќе го паметиме по славната југословенска серија

Жарко Поточњак снимил 25 играни филмови, а во 10 од нив ја имал главната улога.

6,305

Хрватскиот актер Жарко Поточњак утрово почина на 76-годишна возраст, соопштија од Здружението на актери Хистрион, каде што актерот е еден од основачите.

Одиграл бројни улоги, повеќето гледачи сигурно ќе го паметат по ТВ-сериите.






Жарко снимил 25 играни филмови, а во 10 од нив ја имал главната улога. Глумел во околу 30 ТВ-серии, меѓу кои и во „Засекогаш соседи“, „Инспекторот Винко“, „Најдобрите години“, „Битанги и принцези“, „Црно-бел свет“, „Почивајте во мир“, во „Долгата темна ноќ“, во познатата југословенска серија „Глембаеви“, „Вуковар се враќа дома“ и многу други.

Жарко Поточњак е роден во 1946 година во Пакрач. Играл во 150 театарски премиери и освоил голем број награди.

ФОТО: Pixsell

Поврзани содржини