📽️ ПОЧИНА ХОЛИВУДСКАТА ИКОНА Светот во тага по смртта на славната Дајана Китон

Славната холивудска актерка Дајана Китон почина на 79 години во својот дом во Калифорнија. Семејството побара приватност во овие тешки моменти, а јавноста е во тага по загубата на една од најголемите филмски легенди.

814

Славната холивудска актерка Дајана Китон почина на 79-годишна возраст, потврди портпаролот на нејзиното семејство.

Актерката починала во својот дом во Калифорнија, соопшти портпаролот за магазинот „Пипл“.






Во моментов не се познати дополнителни детали, а нејзините најблиски побараа приватност, според соопштението на семејството.

Китон се здоби со слава во 1970-тите со нејзините улоги во „Кум“ и преку соработката со режисерот Вуди Ален. Таа освои Оскар за најдобра актерка за „Ени Хол“ во 1977 година. Во текот на својата долга кариера, таа глумеше во филмови како што се „Клубот на првите сопруги“, бројни соработки со режисерката Ненси Мејерс и франшизата „Book Club“.

Родена во Лос Анџелес

Таа е родена како Дајан Хол во 1946 година во Лос Анџелес, најстарата од четири деца. Нејзиниот татко бил градежен инженер, а нејзината мајка домаќинка.

Китон еднаш рекла дека верува дека нејзината мајка тајно сонува за подобар живот.

– Длабоко во себе, таа веројатно сакала да биде забавувачка. Таа пееше, свиреше на пијано, беше убава. Таа беше мојата најголема поддршка – изјави таа за „Пипл“ во 2004 година.

Таа настапуваше во средношколски претстави, а по дипломирањето во 1964 година, се запиша на драмско училиште. Но, наскоро го напуштила колеџот и се преселила во Њујорк за да се обиде да се занимава со театар. Го зела моминското презиме на нејзината мајка, Китон, бидејќи веќе имало Дајан Хол во класата по глума.

Своето филмско деби го имаше во 1970 година во филмот „Lovers and Other Strangers“, а нејзиниот голем пробив се случи кога Френсис Форд Копола ја избра за улогата на Кеј Адамс, девојката на Мајкл Корлеоне (Ал Пачино) во филмот „Кум“ од 1972 година.

Китон подоцна призна дека не го прочитала романот на Марио Пузо пред да се пријави на аудиција и дека немала поим за што се работи во филмот. „Најдоброто нешто што ми се случи беше добивањето на улогата во „Кум“, а немав поим за што се работи“, изјави таа за „Пипл“ во 2022 година.

Филмот ја освои наградата Оскар за најдобар филм, а Китон ја повтори улогата во „Кум 2“ (1974) и „Кум 3“ (1990).

Доби Оскар во 1977 година

Во 1977 година, таа глумеше во филмот на Вуди Ален, „Annie Hall“, за кој освои Оскар. Нејзиниот препознатлив стил – машки елеци, капи и одела – станаа модна инспирација. Иако често се шпекулираше дека филмот ја одразува нејзината врска со Ален, Китон рече: „Не е вистина, но има елементи на реалност“.

Таа, исто така, работеше со Ален во „Interiors“ (1978), „Manhattan“ (1979) и „Manhattan Murder Mystery“ (1993). Таа ја изненади јавноста во 2014 година кога изјави за „Гардијан“: „Го сакам Вуди“.

Китон, исто така, глумеше во филмовите „Looking for Mr. Goodbar“ (1977), „Reds“ (1981), „Shoot the Moon“ (1982) и „The Little Drummer Girl“ (1984). Таа работеше со Ненси Мејерс на филмовите „Baby Boom“ (1987), „Father of the Bride“ (1991), „Father of the Bride 2“ (1995) и „Something’s Gotta Give“ (2003), за што доби уште една номинација за Оскар.

Таа, исто така, режираше

Во 1996 година, таа глумеше покрај Голди Хоун и Бет Мидлер во хит-комедијата „Клубот на првите сопруги“. Подоцна имаше значајни улоги во филмовите „Family Stone“, „Because I Said So, Finding Dory“, „Book Club“ (и неговото продолжение) и „Poms“. На телевизија, таа се појави во серијата на „HBO“ – „Младиот папа“ (2016). Таа, исто така, режираше неколку проекти, вклучувајќи го документарецот „Heaven“ (1987) и филмот „Hanging Up“ (2000).

Неодамна, таа се појави во музичкото видео на Џастин Бибер за песната „Ghost“ (2021) и беше многу активна на Инстаграм, споделувајќи мисли за животот, кариерата и пријателствата.

Китон никогаш не била во брак

„Јас сум единствената актерка од мојата генерација која била сама целиот свој живот – рече таа во 2019 година.

– Драго ми е што не се омажив. Отсекогаш сум била малку чудна. Уште во средно училиште, едно момче ми рече: „Еден ден ќе бидеш добра сопруга“. А јас му реков: „Не сакам да бидам сопруга. Не“ – раскажа Китон.

Таа беше во врски со Вуди Ален, Ал Пачино и Ворен Бити во текот на целиот свој живот.

– Талентот е неверојатно привлечен – рече таа за мажите.

Китон посвои две деца – ќерката Декстер (1996) и синот Дјук (2001).

– Мајчинството не беше огромна потреба, туку идеја за која размислував долго време. И едноставно се одлучив за тоа – рече таа еднаш.

Поврзани содржини