ПОЧИНА ХИРУРГОТ И ПРОФЕСОР ВЛАДО ЈАНЕВСКИ Докторот ѝ беше сопруг на министерката Весна Јаневска

Во текот на својата кариера, професорот Јанеевски своето знаење и искуство ги пренесе на бројни лекари и хирурзи.

287

По повеќегодишно боледување, на 71-годишна возраст, денеска почина познатиот хирург, професор и доктор Владо Јаневски, сопруг на министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Јаневски важеше за истакнат медицински професионалец кој зад себе остави значаен придонес во хирургијата и медицинската едукација. Во текот на својата кариера, своето знаење и искуство ги пренесе на бројни лекари и хирурзи, кои денес работат во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, како и во приватните здравствени установи.






Посмртните останки ќе бидат изложени утре, 1 март, во 11 часот, во капелата во Бутел.

 

Поврзани содржини