Почина Грант Имахара, ѕвездата на „Дискавери“

679

Ѕвездата на серијалот „Mythbusters“, Грант Имахара почина на 49-годишна возраст.

– Нашите срца се скршени кога го слушнавме ова. Тој беше прекрасен човек и важен дел од нашата заедница. Молитвите и нашите мисли се со неговото семејство – соопштија од „Дискавери“.






Причината за смртта на Грант е сè уште непозната, а колегите и пријателите се збогуваа со него преку социјалните мрежи.

Се смета дека популараниот водител починал од последици на излив на крв во мозокот.

Грант беше инженер по електротехника и работичар, тој се приклучи на емисијата „Митбастер“ во третата сезона, а дел од тимот остана до 2014 година.

Неговиот колега од емисијата, Адам Савиџ, се огласи на социјалните мрежи и истакна дека е без текст заради загубата на големиот пријател и соработник.

 

FOTO: Instagram

 

Поврзани содржини