ПОЧИНА ГОРЈАН ТОЗИЈА-МЕДО Беше познат продуцент и директор на „Вардар филм“
Беше директор на Агенцијата за филм и претседател на Друштвото на филмски работници (ДФРМ), а во 1993 стана директор и на државниот продуцент „Вардар филм“.
Познатиот филмски продуцент Горјан Тоција- Медо почина утрово од пневмонија.
Тозија кој имаше 68 години е поранешен државен секретар во министерството за култура и советник во Kабинетот на претседателот Бранко Црвенковски. Беше директор на Агенцијата за филм и претседател на Друштвото на филмски работници (ДФРМ), а во 1993 стана директор и на државниот продуцент „Вардар филм“.
Во тој период „Вардар филм“ ги сними филмовите „Пред дождот“, „Ангели на отпад“, „Преку езерото“, „Џипси меџик“, и учествува во реализацијата на два холивудски филма кои се снимаа во Македонија, „Миротворец“ и „Добредојде во Сараево“.