ПОЧИНА ГОРДАНА СТОШИЌ Долгогодишна новинарка и раководител на повеќе медиуми

Голем број млади новинари ја поминаа нејзината школа низ редакциите кои ги раководеше како уредник и главен и одговорен уредник.

6,184

На 63 годишна возраст почина Годана Стошиќ, долгогодишната новинарка и раководител на повеќе медиумски куќи. Стошиќ беше раководител на телевизија А1, генерална директорка на МРТВ и скопската телевизија Скај нет.

Стошиќ во својот работен век раководеше и на повеќе новинарски проекти, а беше активна и во невладиниот сектор. Голем број млади новинари ја поминаа нејзината школа низ редакциите кои ги раководеше како уредник и главен и одговорен уредник.






На социјалните мрежи пофални зборови за нејзиниот ангажман, колегијалност и човечност споделуваат голем број пријатели, нејзини соработници  и се простуваат од неа.

Поврзани содржини