ПОЧИНА ГОЛЕМИОТ ГЕРМАНСКИ ФИЛОЗОФ ЈИРГЕН ХАБЕРМАС Последните години го загрижуваше европската демократија и интеграција

Роден е на 18 јуни 1929 година во Диселдорф. Бел ученик на Франкфуртската школа и наследник на Адорно и Хоркхајмер. Неговото дело комбинира критичка теорија, прагматизам, социологија и политичка филозофија, влијаејќи врз генерации мислители ширум светот.

8

Еден од највлијателните и најважните германски филозоф и социолог Јирген Хабермас почина денеска на 96-годишна возраст во Штарнберг.

Веста за смртта на еден од најважните мислители на повоена Европа ја објави неговиот издавач „Suhrkamp Verlag“, додека причината за смртта не беше наведена.






Хабермас остана активен до последниве години, иако во интервјуа изрази загриженост за иднината на европската демократија и интеграција.

Роден е на 18 јуни 1929 година во Диселдорф. Од детството страдал од вродена расцепена непца, која барала повеќекратни операции и длабоко влијаела на неговото размислување за јазикот и комуникацијата – подоцна рекол дека искуството со неможноста за говор јасно покажува слој на заедничко без кое поединецот не може да постои.

Како момче бил член на Хитлеровата младина, а на 15-годишна возраст го доживеал падот на нацистичкиот режим, што го навело да се соочи со злосторствата на Третиот рајх и да се запише во филозофијата и социјалната теорија.

Бел ученик на Франкфуртската школа и наследник на Адорно и Хоркхајмер. Неговото дело комбинира критичка теорија, прагматизам, социологија и политичка филозофија, влијаејќи врз генерации мислители ширум светот.

Хабермас со децении е вклучен во јавни дебати: го критикувал левичарското студентско движење од шеесеттите години, учествувал во „спорот на историчарите“ од осумдесеттите години против релативизацијата на нацистичките злосторства, го поддржувал Герхард Шредер, ја критикувал „технократската“ политика на Ангела Меркел, го фалел Емануел Макрон за неговата визија за европски реформи.

Поврзани содржини