ПОЧИНА ГЛАВНИОТ АКТЕР ОД СЕРИЈАТА „ПРИНЦОТ ОД БЕЛ-ЕР“ Флојд Роџер Мајерс Јуниор имаше само 42 години

Од срцев удар, на само 42 години почина Флојд Роџер Мајерс Јуниор, главниот актер од култната серија „Принцот од Бел-Ер“, поранешен детски актер кој во серијата ја играше помладата верзија на Вил Смит. 

1,938

Флојд Роџер Мајерс Јуниор, поранешен детски актер познат по својата улога како помладата верзија на Вил Смит во популарната серија „Свежиот принц од Бел-Ер“, почина на 42-годишна возраст.

Според информациите кој TMZ ги добил од неговата мајка Рене Трајс, Мајерс починал во својот дом во Мериленд во раните утрински часови на 29 октомври поради срцев удар.






За истоимениот медиум таа додала дека разговарала со него само неколку часа пред неговото ненадејно заминување.
Мајерс ја играше помладата верзија на главниот лик, Вил Смит, во серијата „Свежиот принц од Бел-Ер“, во една  епизода од 1992 година. Тој е познат и по улогата на младиот Марлон Џексон во минисеријата од 1992 година „Џексонови: Американски сон“, а имаше и мала улога во серијата од 2000 година „Млади Американци“.

По завршувањето на актерската кариера, Мајерс се посвети на филантропијата. Стана ко-основач на организацијата „The Fellaship Men’s Group“, која се фокусира на менталното здравје на мажите и обезбедувањето поддршка во заедницата. Неговата смрт длабоко ги погоди неговото семејство, пријателите и сите што го познаваа.

Зад себе остави четири деца: Тејлин, Кинсли, Тајлер и Нокс. Семејството започна кампања GoFundMe за собирање средства за погребот, а погребот е планиран да се одржи на 3 ноември 2025 година.

Да потсетиме дека постарата верзија на „Свежиот принц од Бел-Ер“ ја играше американскиот актер Вил Смит (57), а во серијата неговото име беше токму тоа, Вил Смит.

Поврзани содржини