ПОЧИНА ГИТАРИСТОТ НА БЕНДОТ „МАСИВ АТАК“ Музичарот ја загуби битката со ракот
Гитаристот на британската група „Масив атак“ Анџело Брусини почина на 44-годишна возраст од рак на белите дробови, соопшти бендот од Бристол.
Гитаристот на британската група „Масив атак“ Анџело Брусини почина на 44-годишна возраст од рак на белите дробови, соопшти бендот од Бристол.
„Исклучително брилијантен и ексцентричен талент. Невозможно е да се опише придонесот на Анџело во опусот на бендот „Масив атак“. Среќни сме што го делевме животот“, се вели во соопштението на членовите на бендот, пишува „Би-би-си“.
Анџело Брусини, кој е роден во Бристол, се приклучил на познатиот трип-хоп бенд во средината на деведесеттите.
Пред да започне да свири гитара во Massive Attack, основана во 1989 година, Брусини свирел со други групи, како што се „The Numbers“, „Rimshots“ и „The Blue Airplane“.
Во 1997 година, Брусини го продуцираше истоимениот албум на алтернативната рок група „Strangelove“, потсетува „Би-би-си“.
Во јули, музичарот на социјалните мрежи напиша дека боледува од рак на белите дробови, додавајќи:
„Имав одличен живот, многу пати го видов светот, запознав толку прекрасни луѓе, но вратата полека се затвора и мислам дека ќе напишам книга.“
ФОТО: Икс (Твитер)