ПОЧИНА ГИТАРИСТОТ КРИСТИЈАН ВОЛЧЕВ НА 36 ГОДИНИ Неговите аранжмани на народни песни ќе останат запаметени
Неговите аранжмани на „Јовано Јованке“ и „Со маки сум се родила“ се музичко богатство кое останува во македонската култура“, велат колегите за познатиот гитарист Волчев.
Македонската музика остана без талентиран музичар и врвен уметник. На 36 години почина гитаристот, професор, композитор и аранжер Кристијан Волчев.
Публиката најмногу го памети како гитарист на алтернативниот рок состав „Греј“.
„Неговите аранжмани на „Јовано Јованке“ и „Со маки сум се родила“ се музичко богатство кое останува во македонската култура“, велат неговите колеги.
Како професор по класична гитара, Волчев ги инспирирал младите да веруваат во музиката.
– Тој беше вистински учител и пример за сите нас – изјави негов поранешен ученик.
Роден во Скопје во 1988 година, израснал како класично образован уметник гимназијата „Никола Карев“, спојувајќи ги класичната гитара и современиот звук, а неговиот гитарски печат останал препознатлив кај новите генерации.
Во 2022 година Волчев го издал EP-албумот Synesthesia Live In Skopje, каде што мајсторски ги споил класичната гитара и кросовер звукот.