ПОЧИНА ГАНТЕР ОД „ПРИЈАТЕЛИ“ Ја изгуби битката со ракот
Актер кој се бореше со ракот на простата почина во својот дом во Лос Анџелес.
Џејмс Мајкл Тајлер, американскиот актер кој се прослави со улогата на Гунтер од „Пријатели“, почина на 59-годишна возраст, објави ТМЗ. Актерот кој се бореше со ракот на простатата почина во својот дом во Лос Анџелес, а веднаш по објавувањето на тажната вест се огласи и неговото семејство.
„Целиот свет го знаеше како Гантер, но ние го знаеме како голем актер, музичар, сакан сопруг и човек кој последните месеци од животот ги помина во кревање на свеста за опасностите од ракот“, напишале и додале.
„Ја обожаваше музиката и непланираните авантури. Ако некогаш сте го запознале, тој веројатно ви останал ваш доживотен пријател.“
Ракот на простата му беше дијагностициран во 2108 година, но сепак се појави во повратничката хит – серија „Пријатели: Обединување“ и, интересно, таму воопшто не ја спомнал болеста. Дури подоцна откри дека боледува од рак, додавајќи дека не сакал да ја споменува порано за да не ја уништи атмосферата.
Џејмс Мајкл Тајлер не глумеше премногу по серијата „Пријатели“, веројатно беше свесен дека засекогаш ќе остане запаметен како симпатичниот келнер од кафуле во Централ Парк во Њујорк.
Бројни колеги и обожаватели се простуваат од Тајлер на социјалните мрежи, а меѓу првите беше Џенифер Анистон, неговата неостварена љубов Рејчел во серијата „Пријатели“.
ФОТО: BBC/Alamy