Почина фудбалската легенда Мирко Илиевски

Илиевски во кариерата одигра 325 натпревари за Вардар и постигна 89 голови.

1,098

Еден од најзаслужните фудбалери за историскиот прв трофеј на Вардар со освојувањето на Купот на поранешна СФРЈ во 1961 година, Мирко Илиевски, почина денеска на 83 – годишна возраст.

Илиевски, кој го носеше „црвено – црниот“ дрес од 1956 до 1964 година, асистираше при првиот, а го постигна вториот гол во победата Вардар над Вартекс во финалето на купот „Маршал Тито“, одигран на 28 мај 1961 година на стадионот „ЈНА“ во Белград.






Илиевски во кариерата одигра 325 натпревари за Вардар и постигна 89 голови.

Илиевски во 2016 година беше одликуван од Град Скопје со наградата „13 Ноември“ за животно дело и особени заслуги во развојот и унапредување на спортот.

Поврзани содржини