Почина Флоријан Шнајдер, еден од основачите на „Крафтверк“

490

Флоријан Шнајдер, еден од основачите на германската група „Крафтверк“, која ги постави темелите на електронската музика, почина од рак на 73 години.

Роден во 1947 година, Шнајдер почнал да се занимава со музика додека студирал во Диселдорф, свирејќи гитара, виолина и флејта. Соработката со Ралф Хитер ја почнал во 1970 година, од што произлезе „Крафтверк“.






Во изјавата, неговиот колега од Крафтверк, Ралф Хатер, потврди дека неговиот пријател и придружник во текот на многу децении, Флоријан Шнајдер почина по кратко боледување само неколку дена по неговиот 73 роденден.

Поврзани содржини