ПОЧИНА ЏЕСИ ЏЕКСОН Беше клучна фигура во борбата за граѓански права

Во текот на својот живот Џексон беше клучна фигура во борбата за граѓански права марширајќи заедно со активистот за граѓански права Мартин Лутер Кинг јуниор и учествувајќи во ненасилни протести во САД.

79

Џеси Џексон, лидерот на движењето за граѓански права и поранешен кандидат за претседател на САД, почина денеска на 84-годишна возраст, информира неговото семејство, објави „Си-би-ес њуз“ (CBS News).

Во текот на својот живот Џексон беше клучна фигура во борбата за граѓански права марширајќи заедно со активистот за граѓански права Мартин Лутер Кинг јуниор и учествувајќи во ненасилни протести во САД.






По смртта на Кинг во 1968 година, тој ги основа организациите PUSH и Debt Coalition, фокусирани на социјална правда и ангажирање на гласачите.

Џексон се кандидира за претседателска номинација од Демократската партија во 1984 и 1988 година, а во текот на децениите доби повеќе од 40 почесни докторати и Претседателски медал за слобода во 2000 година од тогашниот претседател Бил Клинтон.

Поврзани содржини