(ВИДЕО) ПОЧИНА ЏЕРИ СПРИНГЕР Едно од најконтроверзните ТВ-лица

Џери Спрингер, американскиот телевизиски водител познат по неговото контроверзно ТВ-шоу, почина на 79-годишна возраст.

1,318

Почина Џери Спрингер, една од највлијателните и најконтроверзните личности во историјата на телевизијата, објави ТМЗ. Спрингер имаше 79 години.

Водителот починал во својот дом во Чикаго. Претставник на семејството за странските медиуми изјавил дека на Џери пред неколку месеци му бил дијагностициран рак, а неговата состојба се влошила минатата недела.






Џери цели 27 години го водеше „Шоуто на Џери Спрингер“, кое беше познато по своите контроверзни теми. Најпрво се фокусираше на политички прашања, а подоцна почна да се занимава со теми за прељуба. Често се случуваа физички конфликти и пцовки. Токму затоа неговото шоу важи за едно од најконтроверзните во историјата, но и едно од најгледаните.

Едно време, шоуто на Џери Спрингер беше повеќе гледано и од шоуто на Опра Винфри.

Во неговите емисии често избиваа тепачки меѓу учесниците, па мораше да интервенира и обезбедувањето.

Учесниците на емисиите честопати беа луѓе со семејни проблеми.

Во емисиите се откриваа резултатите од тестовите за татковство, дека сопругот ја изневерува жената со нејзината мајка, дека мажот е всушност жена, а жената е маж… Гостите и нивните роднини се тркалаа по подот, се тепаа, се гризеа, а потоа би интервенирал телохранителот. За тоа време, публиката гласно навиваше: „Џери, Џери, Џери!“

Поради шоуто во кое гостите често ја шокираа публиката со своите признанија, критичарите го обвинија Спрингер дека ги поттикнува најниските човечки страсти.

ФОТО: Принтскрин/Инстаграм

Поврзани содржини