ПОЧИНА ЕДЕН ОД РАНЕТИТЕ ВО МАСАКРОТ ВО ЦЕТИЊЕ Убиецот Ацо Мартиновиќ одзеде 13 животи

Жртвите на масакрот во Цетиње се Бранислав Мудреша (60), Радомир Марковиќ (70), Милош Мартиновиќ (39), Марко Мартиновиќ (39), Марко Вулетиќ (45), Јошо Оташевиќ (55), Радован Мартиновиќ (70), Радмила Мартиновиќ (63), Вукан Вулетиќ (9), Јован Вулетиќ (4), Зорица Вулетиќ (42) и Драгана Драшковиќ (51).

286

Дејан Кокотовиќ почина денеска во Клиничкиот центар во Подгорица од последиците на тешките повреди кои ги добил на 1 јануари во пукањето во кафаната Велестово во центарот на Цетиње, јавуваат црногорските медиуми.

Станува збор за 13 жртва на нападот на Ацо Мартиновиќ.






Кокотовиќ во нападот бил ранет во стомакот, градниот кош и главата. Истиот ден бил опериран во Клиничкиот центар. Во последната недела се борел за животот, но на крајот се покажало дека напорите на лекарот биле залудни.

Жртвите на масакрот во Цетиње се Бранислав Мудреша (60), Радомир Марковиќ (70), Милош Мартиновиќ (39), Марко Мартиновиќ (39), Марко Вулетиќ (45), Јошо Оташевиќ (55), Радован Мартиновиќ (70), Радмила Мартиновиќ (63), Вукан Вулетиќ (9), Јован Вулетиќ (4), Зорица Вулетиќ (42) и Драгана Драшковиќ (51).

Убиецот Ацо Мартиновиќ почина за време на транспортот во Клиничкиот центар во Подгорица откако си пукал во главата.

Поврзани содржини