ПОЧИНА ЕДЕН ОД БРАЌАТА ПОВРЕДЕНИ ВО ПРЕСТРЕЛКАТА ПРЕД ТЕТОВСКАТА БОЛНИЦА Сè уште нема разрешница на случајот кој го потресе Тетово
Од КАРИЛ потврдија дека починал постариот од браќата А.М на 41 година. Во пукањето пред девет дена повреден беше и неговиот брат З.М.(36) кој, исто така, се наоѓа на лекување во КАРИЛ.
На Универзитетска клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) во Скопје почина еден од браќата од тетовско Гајре, кои беа повредени со огнено оружје на 11 јануари во кругот на Клиничката болница во Тетово.
Од КАРИЛ потврдија дека почина постариот од браќата А.М на 41 година. Во пукањето пред 9 дена повреден беше и неговиот брат З.М.(36) кој, исто така, се наоѓа на лекување во КАРИЛ.
Употребата на огнено оружје и ранувањето на двајцата браќа од Гајре се случи на 11 јануари околу 18 часот пред Ургетниот центар на Клиничката болница. Двајцата браќа во текот на вечерта беа однесени на КАРИЛ.
СВР Тетово соопшти дека уште вечерта на 11 јануари околу 23 часот биле лишени од слобода 4 лица, а по едно лице се трага. Од СВР Тетово и Обвинителството нема други официјални информации за случајот, кој го води Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
-Обвинителството сè уште постапува по предметот согласно своите надлежности – информираа оттаму.
СВР Тетово ги лишија од слобода Р.Т.(35) и М.Т.(44), 55-годишната Ш.Е. и Н.М.(39), сите од Тетово, поради сомнение за нивна инволвираност во пукањето.