Почина Џејмс Пердју, потписник на Рамковниот договор

1,217

Џејмс Вилијам Пердју, поранешен амбасадор на САД во администрациите на Бил Клинтон и Џорџ Буш и службеник за разузнавање на американската армија, починал на 77 години на 2 јуни во САД.

Пердју на македонската јавност и е познат како еден од седумте потписниците на Охридскиот договор во август 2001 година, со кој заврши конфликтот во Македонија.






Покрај американскиот дипломат свои потписи на Охридскиот договор на 13 август 2001 година ставија и Борис Трајковски, Љубчо Георгиевски, Бранко Црвенковски, Арбен Џафери, Имер Имери и Франсоа Леотар.

Поврзани содржини