ПОЧИНА ДВОКРАТНИОТ ДОБИТНИК НА ОСКАР БО ГОЛДМАН Колегите се простуваат од сценаристот на „Лет над кукавичкото гнездо“

Двократниот добитник на Оскар Бо Голдман почина на 56-годишна возраст во вторникот во Хелендејл, Калифорнија, соопштил неговиот зет Тод Филд.

185

Двократниот добитник на Оскар Бо Голдман почина на 90-годишна возраст во вторникот во Хелендејл, Калифорнија, соопштил неговиот зет Тод Филд.

Причината за смртта на Голдман, кој доби бројни признанија за неговите сценарија за „Лет над кукавичкото генздо“ (1975) и „Мелвин и Хауард“ (1980), останува непозната.






Откако напиша различни епизоди за различни ТВ-емисии, дипломецот од Принстон постигна голем успех кога Милош Форман го избра да го адаптира романот на Кен Кеси „Лет над кукавичкото гнездо“ со ко-сценаристот Лоренс Хаубен.

Во 1976 година, тој и Хаубен освоија Оскар за најдобро адаптирано сценарио за нивната работа на сценарио за психолошка драма. По веста за смртта на Голдман, Дени Де Вито, кој го глумеше Мартини во „Лет над кукавичкото гнездо“, изјави за ЕТ:

– Да се работи со Бо беше сон. Ми беше чест што го познавав.

Помалку од четири години по првиот Оскар, Бо Голдман го освои вториот за пишувањето на драмата „Мирисот на жената“ од 1992 година, со Ал Пачино во главната улога и во режија на Мартин Брест.

Голдман зад себе ги остави синот Џастин Ешфорт и четирите ќерки Миа Голдман, Ејми Голдман, Дијана Ратбун и Серена Ратбун, како и седум внуци и три правнуци. Тој беше во брак со неговата Маб Ешфорт, со која се ожени во 1954 година, до нејзината смрт во 2017 година.

Поврзани содржини