ПОЧИНА ДВЕГОДИШНОТО ДЕТЕ ПОГОДЕНО СО КУРШУМ ЗА НОВА ГОДИНА Сѐ уште не се објавени околностите на повредата и идентитетот на детето

Основното јавно обвинителство Скопје издаде наредба за обдукција на телото, соопштија денеска од Обвинителството.

239

Јавното обвинителство издаде наредба за обдукција на телото на двегодишното дете кое почина како последица на повреда здобиена за време на новогодишната ноќ.

– Во однос на починатото двегодишното дете, Основното јавно обвинителство Скопје издаде наредба за обдукција на телото, соопштија денеска од Обвинителството.






Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вчера информираше дека за време на новогодишната ноќ се случиле два сериозни инцидента – убиство на турски државјанин со нож, во Скопската чаршија, и тешко повредено двегодишно дете, на засега непознат начин.

Тошковски посочи дека повредата на детето е од „метален фрагмент кој во тој момент не можел детално да се специфицира“.

– Има повеќе теории на случај за тоа како е повредено детето. Штом точно ги утврдиме причините за настанување на оваа тешка телесна повреда ќе ја информираме јавноста – рече Тошковски.

Поврзани содржини