Починаа двајца пациенти, а заразени се 155 од опасниот вирус, најмногу во Скопје
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.845 тестирања, а регистрирани се 155 нови случаи на ковид-19.
Во Скопје 51, Куманово- 11, Дебар 2, Штип 13, Прилеп 4, Тетово 10, Струга 3, Битола 1, Охрид 6, Кавадарци 14, Гостивар 22, Гевгелија 1, Пробиштип 1, Демир Хисар 4, Македонски Брод 5, Виница 2, Кичево 3, Неготино 2.
Починати се 2 лица, пациент од Скопје (80) и пациент од Штип (74). Пациентите се починати во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 127 оздравени пациенти од Скопје 40, Куманово 17, Штип 2, Прилеп 6, Велес 2, Битола 2, Гостивар 5, Радовиш 10, Крушево 1, Пробиштип 5, Демир Хисар 1, Македонски Брод 3, Кратово 1, Свети Николе 12.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 80 пациенти. На кислородна поддршка се 42 пациенти, нема на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 17 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и шест деца позитивни на вирусот, а 3 пациенти суспектни на вирусот.
Во ГОБ „ 8 Септември“ примени се 9 нови, вкупно хоспитализирани се 76 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 28, а во болницата во Штип се хоспитализирани 43 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 115 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11.554, бројката на оздравени пациенти е 7.607, на починати е 519, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.428.