Почина Душан Јовановиќ, легендарниот автор на „Ослободувањето на Скопје“
Во воениот период како дете живее и во Скопје, во куќа на булеварот Свети Климент Охридски број 9, лево од комплексот на Владата.
Душан Јовановиќ, легендарниот режисер, драматург и есеист, авторот на култниот драмски текст „Ослободувањето на Скопје“, почина во Љубљана на 81 годинa. Роден е во Белград во 1939 и важеше за еден од најплодните југословенски и словенечки драмски писатели и театарски режисери. Автор е на над 100 претстави, напишал бројни текстови, ТВ драми, есеи и куси приказни.
Во воениот период како дете живее и во Скопје, во куќа на булеварот Свети Климент Охридски број 9, лево од комплексот на Владата. Во оваа куќа Јовановиќ ги сместува ликовите и настаните во драмата „Ослободувањето на Скопје“ напишана во 1976/77.
Македонската прва изведба на „Ослободувањето на Скопје“ беше во 1978 во скопскиот Драмски театар, во режија на Слободан Унковски. Претставата ја освојува публиката, критиката и театарските фестивали, и доби бројни награди.
Во 2016 „Ослободувањето на Скопје“ доби и филмска верзија, во режија на Данило и Раде Шербеџија.
Во 2007 Град Скопје го награди Јовановиќ со наградата „13 Ноември“.