Почина доктор Трајче Нешковски, поранешен секретар на СДММ

1,902

Функционери на СДСМ преку социјалните мрежи се простуваат од доктор Трајче Нешковски, кој беше генерален секретар на СДММ, кој попладнево животот го загуби во сообраќајната несреќа на „Рузвелтова“.

Со голема жал се простуваме од Трајче, наш партиски другар и крајно посветен доктор кој беше тука за пациентите во буквално секое време. Даваше сè од себе работејќи во ковид центарот и периодов помогна на огромен број луѓе. За нас кои го познававме загубата е голема, а уште поголема е за здравствениот систем кој загуби врвен професионалец. Почивај во мир Трајче, напиша Николовски на Фејсбук.






Со голема жал се простуваме од Трајче, наш партиски другар и крајно посветен доктор кој беше тука за пациентите во…

Ljupcho Nikolovski 发布于 2020年10月14日周三

Нешковски при возење доживеал срцев удар и се забил во дрво на „Рузвелтова“. Тој со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во „Мајка Тереза“ каде докторите час и половина се обидувале да го реанимираат.

Пратеникот Коста Костадинов на Фејсбук напиша дека темелот на СДММ го поставувале заедно.

– За момент помислив дека е само лош сон, ама не било. Целото другарство, темелот на СДММ го поставувавме заедно, еден и единствен Трајче. Не сакам да верувам, но кој не прашува нас овде. Бог да те прости брат, другар Трајче…До некое следно видување, напиша Костадинов.

За момент помислив дека е само лош сон, ама не било.Целото другарство, темелот на СДММ го поставувавме заедно, еден и…

Kosta Kostadinov 发布于 2020年10月14日周三

Поврзани содржини