Произведувачот на безалкохолните пијалоци ПепсиКо потврдил дека на 99 годни починал поранешниот извршен директор на Пепси-Кола и ПепсиКо, Доналд Кендал, кој директорувал 23 години, пренесуваат медиумите.
Компанијата соопшти дека тој во пензија бил од 1986 година, но дека бил доверлив советник, кој на компанијата вкупно и служел 39 години во текот на својот извонреден живот.
Семејството на Кендал соопшти дека тој починал во саботата.
– Дон беше архитект на ПепсиКо семејството. Беше непопустлив кога стануваше збор за напредокот на нашето работење. Беше неуништив водач и прекрасен трговец – рекол претседателот и извршниот директор на ПепсиКо, Рамон Лагуарт.
Кандал бил долгогодишен пријател на поранешниот американски претседател Ричард Никсон.
Го паметат како деловен човек кој ги уривал наизглед непремостивите пречки. Тој бил еден од првите американски претприемачи кој ја проширил работата во поранешниот Советски Сојуз и во Кина, и благодарение на него Пепси се појавило на советрскиот пазар
На изложбата на американските индустриски производи во 1959 година во Москва се сретнал со тогашниот советски водач Никита Хрушчов и му понудил шишенце Пепси.
Во почетокот на 1970 година ПепсиКо преговарал со Москва за производство и продажба на пијалоци во Советскиот Сојуз и како резултат на тоа таму се отворени фабрики за производство на Пепси.