Цртачот на познатиот стрип „Алан Форд“, Џовани Романини, починал во 74-тата година од животот.
Џовани е познат и како ученик на познатиот Роберто Равиоле Магнус, на чие остварување „Алан Форд“ продолжил да работи и подоцна кога Паоло Пифарерио го преземал местото на Магнус и, благодарение на него, бил продолжен стилскиот континуитет на оваа серија.
„Со голема тага се простуваме од Џовани Романини. Од Италија пред малку пристигна потресна вест дека овој познат ученик на Магнус, цртачот на „Дружината од закачалките“, „Алан Форд“ и „Марти Мистерија“ нѐ напушти денеска, на 74-годишна возраст. Покрај сето останато, ќе го памтиме засекогаш по немерливиот придонес што го даде на култниот албум на Магнус „Долина на теророт“. Почивајте во мир, маестро“, напишале на фејсбук-страницата Веселиот четврток.
FOTO: Fejsbuk