НЕНАДЕЈНО ПОЧИНА ЦРНОГОРСКИОТ АКТЕР НА 47 ГОДИНИ Колегите се простуваат од Стеван Радусиновиќ

Црногорскиот актер Стеван Радусиновиќ почина вчера на 47-годишна возраст.

607

Црногорскиот актер Стеван Радусиновиќ ненадејно почина вчера на 47-годишна возраст.

Стеван Радусиновиќ е роден во Подгорица.






Дипломирал на академијата за глума во Цетиње. Член е на Црногорскиот народен театар од 2001 година.

Стеван Радусиновиќ играше во претставите „Лажен цар Шќепан Мали“, „Смртни гревови“, „Сон на летната ноќ“, „Цреша“, „Дон Жуан“, „Просидба и мечка во еден чин“, „Рибарски расправии“, „Ќерко моја“, „Злосторство и казна“, „Арт Експорт“, „Дискусија“, „Претстава на Хамлет во село Мрдуша Доња“, „Јас сум онаа која не е“, „Брак“, „Иванов“…

Имаше и голем број улоги во црногорски, како и во филмови со странска продукција.

Стеван глумеше во серијата „Нашата мала клиника“, а од него сега се простија многу колеги:

„Стив, тишината одекнува. Непребол. Твојот неверојатен талент и љубов кон сите. Те сакам“, напишала актерката Бранка Оташевиќ, додека актерот Павле Поповиќ ја објавил својата неговата фотографија и ставил емотикон со скршено срце.

Поврзани содржини