Почина човекот кој го препороди македонскиот женски ракомет

Маковеј ќе остане запаметен по историскиот пласман на Светското првенство за жени во 1997 година во Германија, кога Македонија на дебитанскиот настап на Мундијалите го освои високото седмо место.

932

На 67-годишна возраст, почина романскиот тренер Богдан Маковеј, човекот кој остави длабока трага во македонскиот ракомет. Маковеј ќе остане запаметен по историскиот пласман на Светското првенство за жени во 1997 година во Германија, кога Македонија на дебитанскиот настап на Мундијалите го освои високото седмо место.

Маковеј исто така беше тренер и на Кометал Ѓорче Петров од 1996 до 1998 година, со кој играше во 1/4 финалето на Купот на европските шампиони.






Замина од Македонија во 1998 година, но повторно се врати да ја води машката екипа на Пелистер, која стигна до финалето во Челинџ Купот.

Иако си замина се врати брзо во македонскиот ракомет и тоа на клупата на машката екипа на Пелистер. Со овој тим успеа да постигне голем успех, а тимот од Битола беше првиот македонски машки состав кој успеал да дотурка до финале во Челенџ купот.

Поврзани содржини