Почина човекот кој 14 месеци се лекуваше од коронавирус, решил да го прекине лекувањето! (ВИДЕО)

1,052

Човекот за кој се веруваше дека е најдолго заразениот британски пациент со коронавирус починал откако решил да прекине со лекувањето, по 14 месеци поминати во болница.

Џејсон Келк бил примен во болницата Сент Џејмс во Лидс откако во март минатата година бил заразен со коронавирус. Починал минатиот петок, опкружен со семејството, откако решил да го прекине лекувањето.






Неговата сопруга Сју Келк ја споделила веста во петокот за неговата смрт и рекла дека Келк, кој работел како наставник по информатика во основно училиште, „починал во мир“.

„Со тешко срце, морам да ја споделам тажната вест дека Џејсон почина во 12:40 часот“, напишала таа на Фејсбук.

Оддавајќи ѝ почит на нејзината „сродна душа“ и сопруг со која поминала повеќе од 20 години, таа рекла дека неговата смрт била „толку мирна“.

„Дефинитивно му беше важно да го стори тоа под негови услови, но тој сега остави страшно многу луѓе целосно изгубени“, рекла таа.

„Луѓето можеби не мислат дека беше храбар, но мој Боже, тој беше. Јас навистина мислам дека е. Мислам дека најхраброто нешто што некогаш можеше да го направи е да одлучи дека повеќе не сака да живее така“, рекла Сју.

Минатиот месец, таа изјавила дека се плашела дека нејзиниот сопруг „се откажал“ откако му се влошила состојбата и дека тзапочнал да доживува „напади на несвестици“.

Келк, кој имал дијабетес и астма тип 2, бил пренесен на интензивна нега во април минатата година и останал таму повеќе од 14. месеци.

Вирусот му ги оштетил белите дробови и бубрезите, а тој развил сериозни проблеми со желудникот, што значело дека мора да се храни интравенски.

Во претходниот период од оваа година, се чинело дека се опоравува, започнал да се движи и да дише без респиратор и 24-часовен филтер за бубрези.

Во март, рекол дека се надева дека ќе се врати дома, но неговата состојба се влошила во мај. Морале да го вратат на респиратор, а потоа добил уште две инфекции.

Починал опкружен со своето семејство, оставајќи зад себе пет посиноци и осум внуци, од кои две никогаш не ги запознал затоа што се родени во изминатата година.

ФОТО: Твитер

Поврзани содржини