ПОЧИНА ЧЛЕН НА СЛАВНИТЕ „ИЛ ДИВО“ Од последици на коронавирусот (ФОТО)

Карлос Марин починал во болницата во Манчестер, каде што лекарите го исклучиле апаратот за одржување во живот.

792

Изгубена битка на животот: Како последица на коронавирус почина член на музичката сензација Ил Диво

Неколку дена откако членот на класичниот мултинационален квартет Карлос Марин беше ставен во индуцирана кома во болница во Манчестер, британските медиуми јавуваат дека тој ја загубил битката на својот живот.






Како што пишува британски „Дејли мејл“, ѕвездата на „Ил диво“, Карлос Марин починал во болницата во Манчестер, каде што лекарите го исклучиле апаратот за одржување во живот.

53-годишниот шпански пејач се заразил со коронавирус, а состојбата му се влошила на 7 декември и бил итно хоспитализиран.

Поради компликации, тој бил ставен во индуцирана кома и го сместиле на интензивна нега, каде потоа бил интубиран поради ниското ниво на кислород.

Неговата смрт на Твитер ја потврдија членовите на неговата група „Ил диво“.

„Со тешко срце мораме да ве информираме дека нашиот пријател и партнер Карлос Марин почина. Ќе им недостига на сите пријатели, семејството и обожавателите. Ние четворицата ги поминавме последните 17 години на ова неверојатно патување со „Ил диво“, ќе ни недостасуваш драг пријателе.“

 


Инаку, Карлос Марин беше дел од „Ил диво“ од нивното основање во 2003 година благодарение на Сајмон Кауел. Тој беше оженет со француската кантавторка Жералдин Ларозо, попозната по уметничкото име Невиност (Innocence). Тие се разведоа по три години брак во 2006 година.

„Ил диво“ имаат продадено повеќе од 30 милиони копии од нивните албуми ширум светот. Ги нарекуваат пионери на оперскиот поп или „попери“, а повеќе од два милиони билети се продадени за нивните концерти во живо ширум светот.

 

Поврзани содржини