ПОЧИНА БРИТАНСКИОТ РАПЕР ДОТ РОТЕН, ПОЗНАТ ПО ХИТОТ „OVERLOAD“ Грајм сцената се простува од еден од своите најпознати артисти

Најголем комерцијален успех на 37-годишниот британски рапер и продуцент, беше синглот „Overload“ од 2012 година, кој влезе во топ-20 на британската листа. Песната беше инспирирана од неговите лични борби со депресија и се смета за една од најличните композиции во неговата кариера.

217

Британскиот рапер и продуцент Дот Ротен, чие вистинско име е Џозеф Елис почина на 37-годишна возраст, потврди неговото семејство за британските медиуми. Причината за смртта засега не е официјално соопштена, иако дел од медиумите наведуваат дека музичарот можеби починал во Гамбија.

Дот Ротен важеше за еден од пионерите на британската grime сцена – жанр кој се разви во Лондон во раните 2000-ти. Роден и израснат во Стоквел во јужен Лондон, Елис почнал да создава музика уште како дете, а на само седум години експериментирал со продукција и рап.






Кариерата ја започна под името Young Dot, а пошироката публика го запозна преку неговите настапи на платформи како Rinse FM и SB. Подоцна го прифати уметничкото име Dot Rotten – акроним од „Dirty On Tracks, Righteous Opinions Told To Educate Nubians“.

Неговиот најголем комерцијален успех беше синглот „Overload“ од 2012 година, кој влезе во топ-20 на британската листа. Песната беше инспирирана од неговите лични борби со депресија и се смета за една од најличните композиции во неговата кариера.

 

Во текот на кариерата соработуваше со голем број познати имиња, меѓу кои и со Ед Ширан. Освен како рапер, беше активен и како продуцент, а во одреден период работеше под псевдонимот Zeph Ellis.

По објавувањето на веста за неговата смрт, бројни музичари и колеги од grime сцената му оддадоа почит на социјалните мрежи, истакнувајќи дека станува збор за влијателен артист кој помогнал во обликувањето на звукот на британската урбана музика.

Дот Ротен зад себе остави значајно наследство во британската музичка индустрија, а неговото име ќе остане поврзано со развојот на grime сцената и новата генерација артисти што ја инспирираше.

Поврзани содржини