ПОЧИНА БРАТОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПЕНДАРОВСКИ Војче почина во својот дом
Погребот е спроведен во кругот на најблиските роднини и пријатели со почитување на ковид протоколите, информираат од Кабинетот на претседателот.
Почина братот на претседателот Стево Пендаровски, Војче. Тој починал во сопствениот дом во населбата Мичурин, информираат од Кабинетот на претседателот.
– Бил извршен увид на лице место на 27 август во семејниот дом во Мичурин од страна на екипа на Министерството за внатрешни работи, лекар од итна медицинска помош и надлежен јавен обвинител. При тоа, не се утврдени никакви знаци на насилство. Погребот е спроведен во кругот на најблиските роднини и пријатели со почитување на Ковид протоколите – велат од Кабинетот.
Братот на претседателот бил вработен во Агенцијата за разузнавање.