ПОЧИНА БРАЈАН ВИЛСОН Беше фронтмен и автор на хитовите на „Бич бојс“
Брајан Вилсон, легендарниот фронтмен и еден од основачите на една од најголемите групи на рок музиката „Бич бојс“, почина на 82 години, објави неговото семејство.
Роден во 1942 во Калифорнија, Вилсон во 1961 ја формирал групата заедно со своите двајца браќа, со братучедот и со најдобриот пријателот.
Иако глув на десното уво, тој на 19 години открил дека има музички талент што ќе му го дефинира животот.