ПОЧИНА БЛАГОЈА ДОНЧЕВ Претседател на УО и генерален директор на Адинг

Преку неговото мото дека„АДИНГ е и ќе биде состојка на секоја градба”, изгради и постави здрави основи за понатаму, што гордо го сметаше за еден од своите најголеми успеси.

789

На 23.10.2021 почина Благоја Дончев, долгогодишниот Претседател на управен одбор и
генерален директор на АДИНГ. Компанијата изгуби пред се` човек, родител и еден од
најголемите визионери во нејзината историја.

Неговото лидерство, високата работна етика и вредностите кои ги вгради во темелите на
компанијата, денес се нераскинлив дел од нејзиниот код. Беше енергична личност, учител и
пример за многу генерации професионалци позади него, несебично споделувајќи ги
техничките знаења од областа, бизнис искуствата и вештините.






Преку неговото мото дека„АДИНГ е и ќе биде состојка на секоја градба”, изгради и постави здрави основи за понатаму, што гордо го сметаше за еден од своите најголеми успеси.

Дополнително, неговата големина и значајна улога во македонската економија е што преку
свој личен пример и посветеност, успеа да го пренесе неговиот ентузијазам многу пошироко,
секогаш нагласувајќи дека и останатите македонски компании можат и мораат да создаваат
брендови кои ќе излезат вон нашите граници.

Неговите професионални почетоци се во АДИНГ, од 1980 година, минувајќи низ сите скалила
на компанијата, а на нејзино чело застанува во 2006 година. Смртта го затекна во неговиот
четврти континуиран мандат, во кој се бележат и најдобрите резултати во досегашното
работење.

Роден е во Вељуса, Струмица, Р. Македонија во 1951 г., а дипломирал на Градежниот факултет
при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје. Добитник е на низа награди и признанија
од областите на бизнисот, менаџментот и општествено одговорните практики во земјава и
странство, од кои како последна е големата награда на Средна и Југоисточна европа „Креатори
на Столетието“ за животно дело во развојот на претприемништвото во Р. Македонија во 2019
година.

Поврзани содржини