Почина басистот Ненад Стефановиќ-Јапанац

Ненад Стефановиќ кој е роден во 1959 година во Крушевац учествуваше во создавањето на над 1.000 изданија на југословенската и српската поп-рок сцена.

1,609

Познатиот басист Ненад Стефановиќ-Јапанац, кој беше дел од  познатите југословенски рок-состави  „Бајага и инструктори“ , „Пилоти“ и други вчера почина на 62 години.

– Драги наши пријатели, минатата година ја испративме тажно, со заминувањето на Миша Алексиќ, а за жал, и оваа започна лошо, со заминувањето на Ненад Стефановиќ – Јапанац, нашиот пријател и колега, еден од најдобрите бас-гитаристи досега на овие и не само на овие простори. Неша свиреше на нашите албуми „Са друге стране јастука“, „Продавница тајни“, „Музика на струју“ и на уште многу други песни. Свиреше со многу наши колеги „Бијело дугме“, Оливер Мандиќ … Голема е празнината на нашето музичко небо по неговото заминување. Почивај во мир, драг Нешо. Овој свет на музика веќе нема да биде ист без тебе. Те сакаат твоите „Бајага и инструктори“ –  напишаа членовите на бендот на нивниот официјален профил.






Ненад Стефановиќ кој е роден во 1959 година во Крушевац учествуваше во создавањето на над 1.000 изданија на југословенската и српската поп-рок сцена.

 

Поврзани содржини