ПОЧИНА АТАНАС ВАНГЕЛОВ Останавме без големиот поет, автор и критичар
Пред помалку од две недели му беше доделена награда „11 Октомври“ за животно дело.
Почина Атанас Вангелов(1946-2021), македонскиот поет, раскажувач, критичар, есеист, книжевен теоретичар, драмски автор, преведувач.
Тој е роден во Богданци. Завршил Филолошки факултет во Скопје, а потоа станал и доктор по филолошки науки.
Меѓу неговите дела можат да се пронајдат насловите: Земјата на цветот (поезија, 1966), Препев на планината (поезија, 1970), Мистер Порфирие (телевизиска драма, 1971), Живеалиште (поезија, 1974), Глетки и пивиденија (поезија, 1977), Песме / Песни (1978), Артизмот и современата македонска поезија (студија, 1978), Преданија (поезија, 1978), Литературни студии (1983), Строго доверливо (поезија, 1985), Решето (критики, 1985), Неодредени лични заменки (драма, 1986), Семантички фигури во македонската народна лирика (студија, 1987), Траги (поезија, 1991).
Пред помалку од две недели му беше доделена награда „11 Октомври“ за животно дело.
Вангелов беше професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Воедно, тој беше претседател на Советот на СВП и истакнат член на ДПМ од 1967 година.
Во последните години неговите колумни беа редовно објавувани на Плусинфо.